

Мисија и визија
Министерството за дигитална трансформација да ја предводи македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции и партнерства, промовирајќи дигитални алатки и знаења за граѓаните, компаниите и институциите и придонесувајќи кон технолошки напредно, инклузивно општество ослободено од корупција.
Просперитетна држава во која одржливата дигитализација го подобрува животот на граѓаните, ги поттикнува напорите за борба против корупцијата, привлекува странски инвестиции и ги овозможува иновациите.
Новости
Министерство за дигитална трансформација

Повеќе од 246 илјади граѓани закачени на Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација
Повеќе од 246 илјади граѓани закачени на Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација

Објавени на ЕНЕР сите нацрт закони на Министерството за дигитална трансформација во однос на Реформската агенда
Во насока на постигнување на целите дефинирани во Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Европската комисија (2024-2027), Министерството за…

Андоновски: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија…
Стратегија за сајбер безбедност
Во рамките на процесот на дигитална трансформација на државата, безбедноста на информациските системи (сајбер безбедноста) претставува клучен национален приоритет за заштита на дигиталната инфраструктура и услуги што ги користат граѓаните, државните и јавните институции и економијата.
Динамичниот развој на информациско-комуникациските технологии и нерамномерната дигитализација на процесите во различни димензии на општеството значително ја менува перспективата за сајбер безбедноста и го зголемува ризикот од сајбер напади и сајбер инциденти. Безбедна, отпорна и доверлива дигитална трансформација на процесите, и на општеството во целина, може да се постигне само доколку е поставена на солидни основи, во сигурен и отпорен сајбер екосистем.
Министер
Стефан
Андоновски
Стефан Андоновски е докторанд на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД.
На 23 јуни 2024 е избран за министер во Министерството за дигитална трансформација.
Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи. Зборува македонски, англиски и италијански јазик, а се служи и со грчки и германски јазик.











